Многу пред климатските промени, да бидат очигледни во Македонија, во 1989 година Г-динот Тодор Китанчев, ја процени потребата за климатизација на нашиот пазар.
Како пионер во оваа индустрија во Македонија, за препродажба и вградување на овие системи, Г-динот Китанчев основаше компанија во фамилијарна сопственост МЕПРИНГ, за проектирање, продажба и вградување на системите за греење, вентилација и климатизација, и во тоа време компанијата беше претставник на светски познатиот бренд Carrier.
Умешноста, пасијата, посветеноста и љубовта кон системите за греење, вентилација и климатизација "HVAC" е тоа што не' водеше низ годините. Во 1997 година неговите ќерки ја основаат АИРКОН, компанија-ќерка и продолжија со визијата да бидат лидери на пазарот испорачувајќи производи и услуги со висок квалитет. Од аспект на маркетинг, освен продажба на определени производи, ние често ги ставаме на услуга и нашето знаење и умешност. Додека пак во поглед на конкуренцијата, овој начин на работа ни помогна да имаме поразлична стратегија.