Топло, студено и добро вентилирано решение за едно кул место за вежбање 

 

Што да направиш, кога ќе се појават млади, полни со енергија, претприемачи со прецизна и јасна идеја и барање? Битно е да биде свежо и природно. Предизвик.Одговоривме на барањето и тоа како одговоривме.

Решение:

  • Интегриран систем TOSHIBA ESTIA, подно греење, топла санитарна вода

  • 4 внатрешни единици за идеално климатизиран воздух

  • 3 единици за идеално вентилиран воздух

 
Toshiba-klima-aircon-sportinn3.JPG
Toshiba-klima-aircon-sportinn6.JPG
Toshiba-klima-aircon-sportinn4.JPG
Toshiba-klima-aircon-sportinn1.JPG
Toshiba-klima-aircon-sportinn2.JPG

Банка која сака да започне ЕКО револуција

 

Понекогаш се среќаваме со клиент кој има огромна желба и истрајност да побара од нас целосно решение, без компромиси. Предизвик

Тука може да прочитате повеќе за целиот проект изворно, од архитектите. Кои беа барањата и како ги развија концептите за: флексибилност, достапност и отвореност.

Решение:

  • Инсталирани 213kW номинален капацитет на ладење

  • 11 надворешни единици

  • 113 внатрешни единици

  • многу метри подно греење

 

 
Aircon Procredit Skopje32.jpg
Aircon Procredit Skopje15.jpg
Aircon Procredit Skopje3.jpg
Aircon Procredit Skopje31.jpg

Катна гаража која не личи на катна гаража

 

Овој проект од самиот почеток имаше потенцијал да биде одлично обележје за главниот град, барем ние сметавме дека ќе изнуди по некој заинтересиран поглед. Не секоја катна гаража има способност да ве застане. Предизвик.

Се гордееме дека направивме целосно решение за овој објект, кој подоцна и навистина доби признание за архитектура. Доколку сакате да прочитате нешто повеќе за објектот и наградата, клик тука.

Решение:

  • 7 TOSHIBA надворешни единици

  • 33 внатрешни единици

  • многу kW во вентилатори

  • BMS модул

 
Toshiba-klima-aircon-katna-garaza3.JPG
Toshiba-klima-aircon-katna-garaza4.JPG
Toshiba-klima-aircon-katna-garaza5.JPG
Toshiba-klima-aircon-katna-garaza2.JPG
Toshiba-klima-aircon-katna-garaza6.JPG

Агенција за електронски комуникации

 

Проектот беше специфичен бидејќи клиентот имаше посебни барања кои одат во иста насока со нивната основна дејност. Барањето беше насочено кон мулти димензионален и модерен систем за греење, ладење и вентилација. Предизвик.

Решение:

  • TOSHIBA Надворешни единици, можете да броите.

  • 115 совршено вклопени внатрешни единици

  • 4 соларни панели

  • Blue Box Високо прецизни клима ормари

  • Многу литри ефикасно загреана санитарна вода

 
Toshiba-klima-aircon-aek-mk3.JPG
Toshiba-klima-aircon-aek-mk1.JPG
Toshiba-klima-aircon-aek-mk4.JPG
Toshiba-klima-aircon-aek-mk6.JPG
aek_aircon_precision
Toshiba-klima-aircon-aek-mk7.JPG

EVN Податочен Центар

 

EVN, електро дистрибутивната компанија на Република Македонија имаше потреба од високо прецизно и сигурно решение за својот нов дата центар. Предизвик.

Решение:

  • Високо прецизна опрема за ладење и одржување од Blue Box.

 
Evn_aircon_precision
blue-box-klima-aircon-evn-mk4.JPG
blue-box-klima-aircon-evn-mk6.jpg
blue-box-klima-aircon-evn-mk3.JPG

МЕПСО А.Д. (Оператор на електропреносниот систем на Македонија)

 

Најголемиот HVAC проект во Македонија до денес. Големината на проектот наложи истиот да го изведеме во повеќе фази. Испорачавме комплетно ново решение за клиентот. Тоа беше, предизвикот. TOSHIBA решение за голем бизнис.

Решението:

  • Повеќе од 1300 kW во капацитет - НАЈГОЛЕМИОТ проект во Источна Европа. Уф.

  • Систем со повеќе од 400 внатрешни единици.

 

Headquarters A1 оператор

 

Нема да користиме големи букви, само ќе ги задебелиме. Најголемиот VRF проект во Централно-источна Европа. Толку голем што моравме да го ангажираме и најголемиот кран во Македонија. Веројатно ова, доволно говори за комплексноста и грандиозноста на предизвикот. Решението е насочено кон Тимот, а системот е Доверлив и Агилен што пак е целосно во согласност со визијата и централните вредности на клиентот. Решението е за бизнис, но првенствено е за луѓе, мантрата на АИРКОН и TOSHIBA за врвен бизнис. 

Решение:

  • Вкупно инсталиран капацитет 926 kW.

  • Вкупно 296 внатрешни единици.

 
toshiba-klima-aircon-a1-mk2.JPG
toshiba-klima-aircon-a1-mk4.JPG
toshiba-klima-aircon-a1-mk15.JPG

Државни институции во објект „Нова Македонија″

 

Ладилен агрегат “Chiller“ за Објектот Нова Македонија во кој се сместени повеќе државни институции.

  • Kапацитет 970 kW.

 
nova-makedoniaj-aircon-blue-box
DSCF6550.jpg
DSCF6549.jpg
DSCF65743.jpg