Аиркон дел од Елколект


Аиркон како општествено одговорна компанија со задоволство е еден од основачите на “Елколект” - непрофитна организација со примарна дејност управување со отпад од електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори. Основна цел на Елколект е да воспостави функционален систем за постапување со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори на начин кој нема да создава дополнителен товар на животната средина и животот и здравјето на граѓаните на Република Македонија.



Официјано: “Отпадна електрична и електронска опрема” e отпад од електрична и електронска опрема во согласност со одредбите на Законот за управување со отпадот вклучувајќи ги сите составни делови, потсклопови и потрошни делови и материјали кои се дел од производот во моментот на исфрлање.
Тој отпад е опрема како, персонални сметачи, телевизори, фрижидери и мобилни телефони истиот е оптад со најголем раст во ЕУ, од 9 милиони тони во 2005 до предвидените 12 милиони тони до 2020.

ОЕЕ е сложена смеса од материјали и компоненти кои најчесто се опасни и доколку со истите не се постапува соодветно може да се исклучително опасни за околината и луѓето. Освен тоа, во производството на модерната електроника се користат ретки и скапи ресурси (околу 10 % од златото во светот се користи за нивно производство). За да се подобри управувањето со ОЕЕ во животната средина а истиот отпад да има своја улога во “циркуларната”економија, собирањето и рециклирањето на електронскиот и електричниот отпад на крајот на нивниот рок на траење е особено важен.